-->
-->
Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија
-->
Во серија експлозии во шест магацини за пиротехнички материјал во близина на главниот град на Бугарија, Софија загина едно лице, а друго е повредено, изјави денеска министерот за внатрешни работи Калин Стојанов. Две други лица (на возраст 22 и 60 години) се водат како исчезнати.
Експлозиите – од кои првата беше регистрирана синоќа – во градот Елин Пелин во близина на Софија, предизвикаа голема тревога, при што властите евакуираа 150 луѓе. Местото на инцидентот го надлетува воен хеликоптер. Истрагата ја води Окружното обвинителство на Софија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
