Еден загинат и десет повредени во тринаесет сообраќајки во Скопје
Вкупно тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Во една од нив, едно лице го загуби животот, а со полесни повреди се пет лица. Во четири сообраќајки со телесни повреди се здобиле пет лица, а во останатите осум сообраќајки причинета е материјална штета.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци меѓу кои 28 возачи за движење со брзина поголема од дозволената, двајца возачи за возење под дејство на алкохол, тројца возачи за поминување на црвено светло на семафорот и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки.
Полицијата санкционирала и 18 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, 52 непрописно паркирани возила и 32 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјално возило „пајак“ отстранети се 81 непрописно паркирани возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Буба Мара“ објект „ Пчелка 2“ кој се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Полицијата ќе одржи и сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите