Еден загинат и 16 повредени, во сообраќајките на патот Штип-Радовиш
На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса“, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.
Вкупниот биланс на повредени од двете сообраќајни несреќи во Штип изнесува 16 лица, од кои 11 се мигранти. МИА синоќа информираше и за несреќата која се случи во близина на селото лакавица на истиот регионален пат Штип-Радовиш, во која учествуваа две возила „мерцедес“, а во едното од нив се превезувале мигрантите, додека возачот избегал од местото на несреќата. На болничко лекување се 12 лица, а останатите четворица се на домашно лекување.
Ново на Сител
-
Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
-
Крмзов доби 30 дена притвор
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат