-->
-->
Еден починат и двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево
-->

Синоќа во 00.10 часот, на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот, соопштија од МВР.
Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
