Еден пешак потешко повреден, четворица полесно во сообраќајки во Скопје
Еден пешак е потешко повреден, а четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно единаесет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје. Материјална штета е предизвикана во пет сообраќајки.
Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека 47 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени еден возач кој возел под дејство на алкохол, 18 кои возеле пред да се стекнат со правото да управуваат со возило и еден почетник. Тројца возачи поминале крстосница на црвено светло, а петмина не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница.
Од сообраќај се исклучени и 22 возила од кои две неисправни и 20 нерегистрирани.
Сообраќајната полиција казнила 82 возачи за непрописно паркирање, а 61 возило се подигнати со специјалното возило „пајак“.
Кај пешаците, шест поминале коловоз вон пешачки премин и шест на црвено светло.
Единаесет лица со мотор, мопед или мотоцикл не користеле заштитен шлем.
Во рамки на сообраќајно-воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Весели Цветови“ објект „Сончоглед“ во општина Кисела Вода.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден