Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје

Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје.
Како што информира Јавното обвинителство, тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до прозорецот. Со сила ја подигнал ролетната, а со хебла отворил и влегол во куќата. Пребарувал и претурал, но бил забележан од сосед кој веднаш пријавил. Полициските службеници го затекнале и го лишиле од слобода пред да го доврши делото.
-Со оглед дека станува збор за лице кое нема постојано живеалиште или престојувалиште во Скопје, а и претходно се јавува како сторител на имотни деликти, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и опасност осомничениот да врши и други кривични дела, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, наведува Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
