Живот
30. November 2016 - 11:27

Еден од преживеаните од авионската несреќа раскажа како успеал да преживее

Еден од преживеаните од страшната несреќа при рушењето на авионот во Колумбија, копилотот Ервин Тумири, раскажа каков ужас се случувал последните неколку минути пред да се сруши авионот и истиот да експлодира на земјата.
 
Исплашените патници станувале од седиштата и вриштеле на цел глас, откако било објавено дека авионот има проблеми со електрониката.
 
- Се свиткав во положба на фетус, како што се препорачува во случај на несреќи, а додека се случуваше драмата многумина не го послушаа тој совет и испаничено станаа и стоеја на нозе, изјави тој за Дејли Меил.
 
Додава дека било ужасно и не знае како тој е еден од среќниците кои ја преживејаа големата трагедија.