Свет
22. March 2024 - 21:49

Еден од осомничените за нападот во Москва е приведен | ВИДЕО

Локалните медиуми од Москва јавуваат дека еден од учесниците во вечерашниот напад во концертната сала Крокус во Москва е уапсен. На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето, а се уште не се знае кој стои зад напаѓачите и кој бил мотивот за нападот во кој загинаа повеќе од 40 лица, а над 100 беа повредени.

Медиумите јавуваат дека некои луѓе биле евакуирани директно од покривот на зградата, чиј еден дел бил опожарен. Полицијата и итните служби се на терен.

Да потсетиме, – пукањето се случило во трговскиот центар Crocus City Hall, потврди руската разузнавачка служба ФСБ Центар за односи со јавноста.