Еден мигрант од Сирија загина, а уште еден е потешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на Дојран

На 12.01.2024 околу 20 часот во близина на Дојран, патничко моторно возило „крајслер“, излетало во провалија, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници на раскрсница Смоквица и на влез во Валандово, туку продолжило со движење зголемувајќи ја брзината.
При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека на останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.
Според кажаното од мигрантите, возачот на возилото, пред да излета возилото, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
