Македонија
27. July 2015 - 17:14

Еден ден од фестивалската програма на „Охридско Лето“ посветен на ЕУ

Фестивалот Охридско лето од својот почеток на ова 55то издание е постојано во фокусот на домашната и странската публика. Благодарение на исклучително квалитетната програма која изобилува со светски познати уметници, за секој настан се бара карта повеќе

Најавата за долго очекуваниот настап на мега ѕвездата, пијанистот Иво Погорелиќ, кој последен пат настапи на Охридско Лето во 1981 година, ја тресеше не само Македонија, туку и регионот и пошироко. И покрај тоа што Маестро Погорелиќ прифати да подари уште еден концерт на фестивалската публика, се уште е огромен интересот на неговите почитувачи и обожаватели кои не успеале да обезбедат билети.

Во црквата Св. Софија се случи вистински музички бум. Со исклучително захтевна, но и атрактивна програма, со неговата уникатна изведба, исполнета со многу енергија, но и длабока емоционалност Погорелиќ ја вознесе и ја остави без здив многубројната странска и домашна публика.

Маестро Погорелиќ на посетителите им подари бројни бисови, а задоволната публика со долги аплаузи и стоечки овации го испрати големиот уметник, кој уште еднаш докажа дека со право го нарекуваат „гениј на пијаното“.