Ед Милибанд против втор референдум во Велика Британија
Поранешниот лидер на британските лабуристи Ед Милибанд изјави дека е против барањето за организирање втор референдум за ЕУ во Велика Британија.
Во интервју за британската телевизија Ај-Ти-Ви, Милибанд се согласува со предлогот пратениците да гласаат за покренувањето на член 50 од Лисабонската спогодба, но смета дека процесот на Брегзит не треба да се блокира.
- Имам симпатии за оние 48 отсто од Британците кои гласаа за останувањето во ЕУ, но референдумското изјаснување мора да се почитува и Велика Британија да излезе од Унијата, рече Милибанд.
Ваквото определување на поранешниот лидер на опозицијата, доаѓа по соопштенијата на неколкумина угледни лабуристички и либералдемократски пратеници дека тие ќе гласаат против почнувањето формални преговори за излез на земјата од ЕУ.
Милибанд тврди дека со ваквите блокади ќе се придонесе за „тврд“ Брегзит, формулација која се користи во политичката јавност за напуштање и на заедничкиот пазар на ЕУ.
Тој верува дека постојат „разни модели“ што и стојат на располагање на британската Влада околу идните врски со ЕУ - норвешкиот (земјата е дел од заедничкиот пазар), швајцарскиот или турскиот (Турција има царинска унија со ЕУ, но не е членка на заедничкиот пазар).
Милибанд е против и сегашното слободно движење на европската работна сила во Велика Британија, оценувајќи дека досегашниот модел треба да биде прекинат.
Неговите сегашни тврди ставови, кои се блиски до Владата, се во спротивност со оние на актулениот лидер на лабуристите Џереми Корбин.
Тој претходно изјави дека лабуристите бараат пристап до заедничкиот пазар, како и заштита на работниците и потрошувачите, заштита на жовотната средина и правда преку Европскиот суд.
Опозициската партија Либерални демократи на Тим Фарон соопшти дека инсистира на втор референдум за договорот што Владата на конзервативците ќе го направи со ЕУ за излез од ЕУ.
Лабуристите, кои пред референдумот од 23 јуни, беа за останување на Велика Британија во ЕУ, ја променија позицијата откако голем број лабуристички гласачи од североисточна Англија и од Велс гласаа за Брегзит.
Сегашното инсистирање на напуштањето на ЕУ за лабуристите е важно за да се задржат сите гласачи, затоа што партијата се подготвува за вонредни избори кои би можеле да се одржат и пред завршувањето на преговороте со Брисел за Брегзит.
Ново на Сител
-
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија - организирал состаноци во неговиот стан
-
Вторa средба на Трамп и Нетанјаху за два дена, главна тема – прекин на огнот во Појасот Газа
-
Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор над фабриката Самоков
-
Регистриран вкупно 31 пожар на отворен простор - Активни седум, два локализирани
-
Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц
-
Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот