ЕБОР заинтересиран да вложи во ветерници во Миравци

Европската банка за обнова и развој, но и други банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирање на изградбата на ветерници во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој кои се одржаа во Јордан.
- Во рамки на средбите зборувавме со различни меѓународни кредитори за проекти во обновливи извори на енергија, бидејќи приоритет на Владата е значајно зголемување на учеството на обновливите извори. Два значајни проекти за кои веќе имаме добиено позитивни сигнали од меѓународните инвестициски институции како ЕБОР и ЕИБ, дека сакаат да учествуваат во нивна реализација, се ветерната електрана Миравци и фотоволтаичната централа Осломеј. Веќе АД ЕЛЕМ работи на придвижување на работите и подготовка на документацијата, рече Тевдовски.
Тевдовски се обрати на панелот „Зелена инфраструктура“, на кој беа потенцирани придобивките од инвестициите во обновливите извори на енергија и вложувањата во комуналната инфраструктура.
- Придобивките се бројни и се однесуваат на економскиот раст, на привлекување приватни инвестиции, за отварање на нови работни места, но и секако за животната средина и за здравјето, рече Тевдовски.
На панелот свое обраќање имаше и претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.
Во контекст на панелот, министерот за финансии најави уште еден крупен проект.
- Станува збор за Пречистителната станица во Скопје. Проектот би чинел околу 130 милиони евра. Од Европската инвестициска банка, ЕБОР и КфВ имаме добиено потврда за подготвеност од нивна страна да учествуваат во финансиската конструкција и очекуваме тендерирањето за овој проект да започне следната година, рече Тевдовски.
Министерот за финансии оствари средба и со потпретседателот на ЕБОР Пјер Хеилброн, како и со директорите за транспорт, енергетика и општински услуги на Банката за обнова и развој.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
