ЕБОР со поддршка на сет мерки ќе го поттикне пристапот на Македонија кон ЕУ
Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија.
За таа цел денеска на виртуелна церемонија бил потпишан меморандум за разбирање со Владата на кој се обратил и евроамбасадорот Дејвид Гир. Договорот го потпишале премиерот Зоран Заев и претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, а на чинот на потпишување присуствувал и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Соработката ќе се фокусира на три области – зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија. Владата и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции и соработка со претпријатијата во државна сопственост од енергетиката и инфраструктурата.
Претседателката на ЕБОР го поздравила потпишувањето и истакнала дека се охрабрени од чекорите кои Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ.
– Охрабрени сме од чекорите кои Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ и ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата, истакнала Рено-Басо.
Премиерот Заев ја потенцирал важноста од реализацијата на приоритетите во Меморандумот, ставајќи акцент на владеењето на правото, намалувањето на корупцијата, зајакнувањето на транспарентноста и решавањето на прашањето со сивата економија, како предуслов за зголемување на инвестициската активност.
Заев истакнал дека и покрај бројните предизвици и неизвесноста со пандемијата, заложбите на Владата на среден и на долг рок се преку системски мерки да се придонесе за севкупен економски раст.
Досега, ЕБОР има инвестирано над 2 милијарди евра во 136 проекти во земјата.
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност