ДЗС го заврши ангажманот во поплавените подрачја

Во поплавените подрачја односно во Црешево, Смилковци, Булачани, Брњарци, депонија Арачиново, Сингелиќ, Камник, Стајковци, Раштански пат и Инџиково, Дирекцијата за заштита спасување (ДЗС) со 3.400 вработени исчистила и тампонирала 71 улица со вкупна должина од 15.700 метри, а исчистени се канали и речни корита во должина од 8,6 километри.
За ова денеска во училиштето „25 Мај“ во населбата „Ченто“ информираше директорот на ДЗС Шабан Салиу при што истакна дека Дирекцијата од кризните подрачја денеска ги повлекува сите 96 камиони и багери кои биле ангажирани во расчистување.
- Извршивме дезинфекција и дератизација на 447 објекти, испумпана е вода и кал од 53 куќи. Исчистени се 67 септички јами, исчистени се куќи и дворни места од кабаст отпад од околу 129 домаќинства. Санирани се 12 свлечишта со вкупна должина од 770 метри, санирани се темелите на една куќа, и потпорни ѕидови на 10 куќи со вкупна должина од 270 метри, истакна Салиу.
Преку ДЗС ангажирани биле 19 фирми меѓу кои „Борос“, „НБ Компани“, „Јорго комерц“, „Магнум инсталација“, „Ален компани“, „Камацо“, „Ени компани“ и други. Директорот Салиу се заблагодари на сите кои помогнали како и на државите кои донираа помош од технички средства, пумпи за испумпување на вода, агрегати, кревети за спиење, душеци, средства за дезинфекција и друго.
Салиу изрази сочувство до фамилиите од настраданите во поплавата и информира дека се уште не е пронајдено 16-месечното дете по кое се трага.
Ново на Сител
-

Кац: Не ни треба ничие одобрение за Израел да остане во Либан
-

СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки
-

Иран: Во американските напади загинаа 14 луѓе, а 78 се повредени, и покрај примирјето
-

Тројца функционери од „Вреди“ спречени да влезат во Албанија на ГП Ќафасан
-

Во напуштен подрум во Аеродром пронајдени халуциогени печурки, екстази, марихуана и бела грутчеста материја | ВИДЕО
-

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади
-

Васовски: Целта е добар резултат пред реваншот во Скопје
