Македонија
23. јуни 2017 - 8:21

ДЗЛП со тркалезна маса одбележува 12 години постоење

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) денеска во рамки на одбележувањето на 12-годишнината од постоењето организира тркалезна маса за „Улогата на граѓанското општество и локалната самоуправа во промоцијата на правото на заштита на личните податоци“. 

На тркалезната маса обраќање ќе имаат директорот на ДЗЛП Горан Трајковски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Коце Трајановски,  директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ и претседателката на Младинскиот образовен форум Дона Костуранова. 

Активноста се спроведува преку проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци“, финансиран од страна на ЕУ.