Џорџ Озборн: Британската и германската економија се „срцето на ЕУ“

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека економиите на Велика Британија и на Германија претставуваат „срце и мотор“ на ЕУ, за обезбедувањето економски раст и за отворањето нови работни места.
- Британија и Германија, заедно, претставуваат трета економија во светот, после САД и Кина, а по завршувањето на кризата, ние остваруваме две третини од растот на ЕУ, рекол министерот Озборн.
Тој смета дека мора да се продолжи со намалувањети на долгот и да се потикне продуктивноста, но дека за тоа е потребна една силна ЕУ, подготвена да одговори на сегашните предизвици и која дејствува за доброто на сите 28 земји-членки.
Според Озборн, британските барања за нови преговори меѓу Лондон и Брисел се покренуваат за да се остварат ваквите цели, па затоа британската влада настојува да разговара со сите партнери во Унијата.
Озборн попладнево пристигнува во Берлин, во посета на Германија, а вечерва е предвидена работна вечера со германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Британскиот министер утре ќе зборува пред бизнис лидерите во седиштето на германската трговска комора.
Престојот на Озборн во Германија е обид на владата во Лондон да ги објасни „од прва рака“ деталите за британските барања за промени ви клучните сектори на ЕУ.
Британија настојува да ги подобри и да ги зацврсти своите односи со Германија, затоа што во Лондон се оценува дека обезбедувањето германска поддршка има витално значење за британските планови во врска со Унијата.
Првата дебата во ЕУ за британските барања, се очекува на Самитот на Унијата во средината на декември во Брисел.
Во мај годинава, германската трговска комора предупреди дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би претставувало „катастрофа“ за двете земји.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
