Џонсон одби да признае дека Трамп ги загубил изборите во 2020

Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, го избегна прашањето дали го прифаќа фактот дека Доналд Трамп загуби од демократскиот претседател Џо Бајден на изборите во 2020 година.
Трамп, кој беше поразен од Бајден во 2020 година, повторно е претседателски кандидат на Републиканската партија и се соочува со демократската потпретседателка Камала Харис на изборите на 5 ноември.
Анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде многу тесна.
– Сакате ние, кога зборуваме за иднината, да зборуваме за работи што се случиле пред четири години, одговори Џонсон во вчерашното интервју за ABC News.
– Нема да зборуваме за тоа што се случи во 2020 година, ќе зборуваме за 2024 година. Џо Бајден е претседател речиси четири години, а сега сите треба да одат напред рече Џонсон.
Кога новинарите дополнително го притиснаа да одговори подетално, тој рече: „Не ја прифаќам вашата игра“.
И сенаторот Џеј-Ди Венс, потпретседателскиот кандидат на Трамп, заобиколи слично прашање на потпретседателската дебата во вторникот.
Џонсон одби да ја осуди изјавата на поранешниот претседател дека зад обидот за атентат може да стојат политички противници.
Трамп преживеа обид за атентат на митинг во Пенсилванија на 13 јули, а во септември избегна и нов обид за атентат, што беше спречен од агент на американската тајна служба, кој патролираше на теренот за голф на Трамп во Флорида.
Инспекторите не пронајдоа докази за вмешаност на политичките противници на Трамп во тековните истраги.
Џонсон беше прашан и дали ќе придонесе за потврдување на резултатите од изборите во 2024 година доколку Трамп загуби, на што тој одговори: „Ќе се придржувам до Уставот … Конгресот има многу специфична улога и ние мора да ја исполниме“.
Поддржувачите на Трамп упаднаа во американскиот Капитол пред четири години во неуспешен обид да спречат потврда во Конгресот на резултатите од изборите во 2020 година.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
