Џонсон: Нема шански Украина наскоро да се приклучи кон НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа предложи Украина да се откаже од својата кандидатура за приклучување кон воената алијанса НАТО, што е клучното барање на Русија, јави Скај Њуз.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влез на Украина во НАТО. – Разговарав со Володимир (Зеленски) повторно вчера и се секако сфаќам што тој вели за НАТО и реалноста на таквиот став.
– И сите отсекогаш велеа – и ние јасно му ставивме до знаење на (рускиот претседател Владимир) Путин – дека нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО. Сепак, Џонсон додава дека одлуката треба да ја донесе Украина и нејзиниот избран лидер, а Велика Британија ќе ги поддржи.
Украина е во преговори со Русија за договор за прекин на огнот и повлекување, при што Зеленски синоќа изјави дека преговарачките позиции сега „звучат пореални“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
