Џонсон: Анкара ќе остане незаменлив партнер на Велика Британија
Турција ќе остане една од клучните партнери на Велика Британија по излегувањето од Европската унија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон во интервју за весникот „Хуриет дејли њуз“.
- Турција ќе остане незаменлив партнер на Велика Британија. Вие сте на предната линија на некои од најсериозните предизвици, со кои сме соочени, посочи Џонсон.
Тој се осврна и на прашањето за ескалацијата на тензиите во последно време меѓу Анкара и некои европски држави.
- Се надевам дека сите држави ќе умеат брзо да ги решат тие проблеми. Сите се заинтересирани за силни партнерски односи меѓу Турција и ЕУ, посочи Џонсон.
Шефот на британската дипломатија го потенцира придонесот на Турција во колективната работа за решавање на кризата во Сирија, нагласувајќи дека земјата демонстрирала „неверојатна великодушност, прифаќајќи над три милиони бегалци“.
Тој ја означи Турција како важен сојузник во борбата против Исламска држава.
Ново на Сител
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица