Џонс најдобар во забивање, Хилд во тројки
Дерик Џонс Јуниор е победникот во натпреварувањето во забивања на НБА Ол-старот во Чикаго, откако во финалето помалку контроверзно доби подобри поени од Арон Гордон, кој беше миленик на публиката.
По првата одлична рунда, во финалето отидоа Гордон и Џонс, и во финалето беше фантастично. Гордон го имаше можеби најдоброто забивање вечерта, но по две рунди резултатот беше израмнет и отидовме во „дополнителни“ рунди, каде што Гордон повторно блесна со забивање над 227 сантиметри високиот Так Фол. Меѓутоа, судиите решија дека Дерик Џонс повеќе импресионирал.
Во натпреварувањето во тројки, триумфираше Бади Хилд од Сакраменто кингс, кој во финалната серија имаше 27 поени, победувајќи го Девин Букер со 26 поени.
Бам Адебајо е победник во натпреварувањето во вештини, победувајќи го Домантас Сабонис во финалето.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба