Живот
18. August 2015 - 10:12

Џони Деп и Џин Симонс свиреа заедно во Лос Анџелес

Холивудскиот актер Џони Деп и басистот од позната група „Кис“ Џин Симонс свиреа заедно на добротворен концерт во Лос Анџелес.

Деп и Симонс учествуваа на концертот наменет за собирање финансиски средства за корективна хирургија која е потребна на деца, пренесува „Блиц“.

Деп ја свиреше песната на бендот на Алчис Купер „School`s out“. Холивудскиот актер, кој свири електрична гитара, претходно најави дека со Купер и гитаристот Џо Пери од Аеросмит формирал бенд „Hollywood Vampires“, кој во септември ќе сними албум, а парите од продажбата ќе бидат донирани на организацијата MendingKids.

Изненадувањето на концертот беше повторното собирање на групата „Extreme“, која го изведе својот познат хит од 1991 година „More Than Words“.