Џони Деп и Амбер Херд се разведуваат
Филмската ѕвезда Џони Деп и неговата сопруга, исто така, актерката Амбер Херд се во постапка на развод, откриваат документите на судот во Лос Анџелес.
Херд (30) поднесе барање за развод до Високиот суд во Лос Анџелес, а како причина наведе „непомирливи разлики“ со Деп. Двојката се венчаше пред 15 месеци и немаат деца.
Неодамна двајцата беа вплеткани во еден судски процес во Австралија, откако беше откриено дека Херд илегално во таа земја внела две кучиња. Таа во април ја призна вината, односно фалсификување на документи. Деп во меѓувреме бараше од судиите во Австралија да се отфрли тужбата против неговата сопруга.
Деп и Херд се запознаа во 2011 година на снимањето на филмот „The Rum Diary“. Веста за разводот на Деп и Херд се појави само неколку дена по смртта на мајката на Деп.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор