Свет
22. May 2016 - 11:52

Џон Кери: Мула Мансур беше закана за мировните напори во Авганистан

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Мула Мансур беше закана за напорите за зајакнување на мирот во Авганистан, како и за американскиот персонал во земјата.

Во првата изјава по соопштението на Пентагон дека Мансур е „најверојатно убиен“ во нападот на американски дрон, Кери кој се наоаѓа во посета на Мјанмар рекол дека операцијата претставува порака до светот.

- Пораката е дека САД остануваат со своите авганистански партнери кои работат на изградбата на обединет, безбеден и просперитетен Авганистан. Ние сакаме мир на земјата, додека Мансур беше закана за таквите напори, изјави државниот секретар Џон Кери.

Според Пентагон се уште се анализираат резултатите од изведената операција.

Операцијата била спроведена во оддалечените реони на провинцијата Белуџистан, во Пакистан, во непосредна близина на границата со Авганистан.

Владите на Пакистан и на Авганистан биле известени за целата операција, непосредно по нејзиното завршување, се вели во кусото соопштение на Белата куќа во Вашингтон.