-->
-->
Џивџан фест: Сите признанија за AКУД „Мирче Ацев“
-->

Од 20-22.05.2016 година во Врњачка Бања се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал “Џивџан фест”.
На фестивалот учествуаа ансамбли од повеќе земји: Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.
Фестивалот имаше натпреварувачки карактер со официјална жири комисија од три члена- два члена од Србија и еден член од Бугарија.
Настапите на ансамблите беа на затворена сцена заради временските услови кои не дозволија настап на отворена сцена.
Првата вечер настапија 14 ансамбли од кои во втората вечер (финална) останаа само 6 (шест). Секој од ансамблите имаше 10 минути на располагање за изведба на својата програма.
По завршувањето за севкупни победници беа прогласени фолклористите од АКУД “Мирче Ацев” ( тоа значи прво место од жири комисијата и прво место од публиката), за што ни беше доделен пехар и бесплатно учество на фестивалот во 2017 година во вредност од 2.000 евра.
За време на фестивалот имавме прием кај Градоначалникот на Врњачка Бања, разгледување на културно-историски споменици и заеднички дружења (забави) со останатите учесници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
