Џими Картер боледува од рак
Поранешниот американски претседател Џими Картер, сопшти дека боледува од рак. Болеста била откриена за време на хирушка интервенција со која му бил отстранет дел од црниот дроб.
Во соопштение за јавниста, 90-годишниот Картер открива дека ракот зафатил и други делови од неговото тело.
Овој политичар на Демократската партија од сојузната држава Џорџија, ја напушти Белта куќа во Вашингтон во 1981 година, но низа години потоа остана активен во американскиот јавен живот, преку неговиот Центар за хуманитарни активности „Картер“, кој беше создаден набрзо по неговото замнување од претседателската функција.
Тој ги водеше преговорите во името на САД за пактот за нуклеарно разоружување со Северна Кореја, а во рамките на своите хуманитарни активности ја посети и Сирија и се сретна со сирискиот претседател Башар ел Асад.
За претседател на САД Картер беше избран во 1976 година и на функцијата остана само еден мандат. На изборите во 1980 година, тој беше поразен од републиканскиот претседателски кандидат Роналд Реган.
Џими Катрер е еден од четворицата живи поранешни претседатели на САД, заедно со таткото и синот Џорџ Буш и Бил Клинтон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација