-->
-->
Џеки Чен си ја избрка ќерка му од дома: Сега таа живее како бездомник, а многумина го оправдуваат поради одлуката
-->
Ќерката на Џеки Чен, 19-годишната Ета Нг Чок Лам и нејзината девојка, Kанаѓанката Енди Отом живеат како бездомници поради хомофобните родители кои не им дозволуваат да бидат заедно.Тие две снимиле видео и го објавиле на Јутјуб страната, а нивната приказна многу брзо стана вирална на Интернeт. Сега за овој случај зборуваат и светските медиуми.
-Здраво, јас сум ќерката на Џеки Чен, а ова е мојата девојка Енди. Живееме како бездомници веќе еден месец поради нашите родители кои се хомофоби. Спиеме под мост, бидејќи никој не сака да ни помогне, рекла Ета на видеото.
Девојките истакнуваат дека тие завршиле на улица и дека се беспомошни. Тие велат дека стравуваат од државните засолништа во Хонг Конг кои ги одбегнуваат бидејќи се сигурни дека ќе ги разделат.
-Не сфаќам што се случува. Побаравме помош, но на никој не му е грижа. Поради тоа го снимаме ова видео, бидејќи не знаеме што да правиме. Се сакаме, но се обидуваат да не разделат, рекле девојките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
