Џејми Дорнан стана татко по втор пат
Актерот Џејми Дорнан, кој се прослави со улогата во филмот „50 нијанси сива“, и неговата сопруга Амелија Ворнер во строга тајност станаа родители по втор пат, објавија британските таблоди.
Двојката, која е во брак од 2013 година, веќе ја имаат двегодишна ќерка Далси.
Иако се уште нема официјална потврда за среќната веста, сопругата на актерот неодамна е видена во Лондон, без стомак, па на таблодите не им беше тешко да се заклучат некои работи.
Обожавателите на Џејми засега останаа без детали за тоа каков е полот на бебето, кое е неговото име и кога е родено.
Но, тоа воопшто не е чудно кога е во прашање ирскиот актер, бидејќи тој е многу таинствен кога е во прашање неговиот приватен живот.
Актерот, кого од февруари 2017 година повторно ќе можеме да го гледаме во второто продолжение на еротската трилогија „50 нијанси сива“ во улога на Кристијан Греј, речиси никогаш не го коментира својот брак, освен кога се проширија гласини дека неговата сопруга е многу љубоморна поради разголените и секси сцени од споменатиот филм.
- Тоа е целсона глупост. Секако дека го прочита сценариото однапред и таа го поддржува филмот, изјави Џејми во март минатата година.
Но, се уште не се знае како сопругата реагирала на фактот дека во новото продолжение, како што се тврди, Ирецот ќе покаже целиот „свој раскош“.
Инаку, Џејми моментно се наоѓа во Вангувер снима сцени за продолжнието на „50 нијанси сива“.
Ново на Сител
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени