Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан

Спортскиот директор на бундеслигашот Баер Леверкузен, Симон Ролфес, обелодени денеска дека нема да има трансфер на играчот од средниот ред Гранит Џака во италијанскиот гигант Милан.
Претходно, Милан јасно стави до знаење дека швајцарскиот репрезентативец е на листа желби за засилување ова лето, што го потврди и спортскиот директор Игли Тара.
Сепак, иако имаше навестувања дека Џака е исто така отворен за преселба во Милано, германскиот клуб ја затвори вратата за трансфер.
„Никогаш немало и никогаш нема да има преговори со Милан за Гранит Џака, ниту пак какви било предлози за трансферна цена“, изјави Ролфес за германските медиуми.
„Гранит е многу важен играч за нас“, додаде Ролфес.
Џака, кој за швајцарската репрезентација досега одигра над 140 натпревари, е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
