Џафери во Украина: Ова е геноцид, сликите потсетуваат на Косово и БиХ | ВИДЕО

Лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери кој денеска престојува во Украина. Џафери ги посетил градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се разурнати од воените дејствија.
Како што соопштија од прес-службата на Собранието, Џафери во Украина допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, и тоа на покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук.
Џафери напомена дека лично ќе се залага сликите во Украина да го добијат правото име што им следува, а тоа е, како што вели, геноцид и ништо друго.
Истовремено, во посета на Украина денеска се и претседателите на парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација.
-Особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде, изјави Џафери.
Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
