Џафери се сртена со амбасадорката на ОБСЕ

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадорката Нина Суомалаинен.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, амбасадорката Суомалаинен му го честитала изборот на Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија и изразила уверување за понатамошна плодна соработка.
Нагласувајќи дека Мисијата на ОБСЕ е присутна во Македонија од 1992 година, амбасадорката Суомалајнен истакнала дека покрај клучните приоритети кои произлегуваат од нејзиниот мандат, Мисијата будно ги следи политичката состојба и случувањата во земјата. Таа потсетила дека на 27 април претседавачот и генералниот секретар на ОБСЕ силно го осудиле нападот на Парламентот, а следниот ден следела и заедничка изјава на шефовите на Делегацијата на ЕУ, Американската амбасада, Мисијата на ОБСЕ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје во врска со инцидентите.
Претседателот на Собранието изразил благодарност за поддршката на Мисијата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата. Нагласувајќи дека немилите настани од 27 април не би смееле да се повторат во иднина, Џафери оценил дека експертизата на ОБСЕ би била мошне корисна во споделувањето на најдобрите практики во врска со воспоставувањето на внатрешното обезбедување на парламентите.
Џафери го повторил своето уверување дека Собранието мора да биде максимално отворено и кооперативно со граѓаните, со невладиниот сектор и со медиумите.
Соговорниците размениле мислења и за идните активности на Собранието на Република Македонија, пред сè за изборот на новата влада, формирањето на собраниските комисии, делегации и пратенички групи за соработка.
Во врска со претстојните локални избори, Џафери ја информирал амбасадорката на ОБСЕ за координацијата одржана со лидерите на политичките партии, на којашто е договорено изборите да се одржат во првата половина на октомври, како и за чекорите што треба да ги преземе Собранието до распишување на изборите.
Двајцата соговорници разговарале и за улогата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, во чии активности македонското Собрание редовно учествува и го нагласиле неговиот витален придонес во олеснувањето на интерпарламентарниот дијалог и соработка.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
