Џафери: Одложените избори од 12 април, закажани за 15 јули
Со оглед на тоа што наметнатите, неприродни услови со Ковид-19, го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12-ти април 2020, известувам дека имаме нова ситуација. Имено, како што ви е веќе познато, политичките лидери во Република Северна Македонија постигнаа договор за закажување на нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15-ти јули 2020.
Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.
Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот.
Ново на Сител
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
