Џафери: Ниту законот за обвинителство е услов за ЕУ ниту законот за одбрана за НАТО

Доколку партиите се усогласат околу текстот на законот за обвинителство и тој биде пуштен во собраниска процедура, веднаш ќе биде ставен на седница и за неколку часа да биде донесен, вели собранискиот спикер Талат Џафери.
На брифинг со новинарите тој посочи дека нема зошто да свикува седница ако нема усогласени ставови и позитивен исход за законот. При тоа Џафери не појаснува што точно мисли кога вели усогласеност - обезбедена бројка од 80 пратеници или пак усогласеност со ВМРО-ДПМНЕ.
- Ова е многу битен закон но никој од ЕУ не дошол да каже дека е некаков услов. Пример не ни беше спомнат на средбата со Сасоли. Исто и законот за одбрана. Сами си создаваме обврски претставувајќи ги како услов, а реално законот за одбрана не е експлицитен предуслов за НАТО. Таков услов беше името и тоа го решивме. Да, добро е кога веќе сме членки да имаме ваков закон со кој ќе се овозможи брзо носење на одлуки во одбраната што е сосема друго - рече Џафери на брифингот.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
