Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи
– Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пресрет на говорот на Алексис Ципрас во Солун.
-Не сакаме Солун да биде со завртен грб кон северните соседи, напротив да го врти погледот кон север, да ги прифати соседите, да биде град на демократијата и на светлината, вели Ѕанакопулос.
Во интервјуто за солунското радио “Флеш 99.4”, потенцира дека Ципрас нема да се обрати како премиер, туку ќе учествува на политички настан организиран од СИРИЗА, најголемата партија во владината коалиција, јави дописничката на МИА од Атина.
-Станува збор за политички настан на една партија, не станува збор за владин процес и ова треба да го сфатите и вие, но да го сфатат и екстремно десничарските јадра и екстремно десничарските сили кои што сакаат да создадат тензија што не му прилега на демократски Солун, објаснува портпаролот на грчката Влада.
Ѕанакопулос, коментирајќи ги закажаните протести во Солун, вели дека тоа се контра протести и практики што не може да ги прифатат како демократска земја и демократско општество.
-Како ќе ви изгледаше доколку СИРИЗА поддржуваше контра протест на Конресот на Нова демократија за да протестира за пораките што денес ќе ги прати господинот Мицотакис за време на неговот говор на почетокот на Конгресот, прашува портпаролот на грчката Влада и министер без ресор .
Во однос на Договорот од Преспа, Ѕанакопулос вели дека со уставните измени постои целосно почитување на договореното, истакнува дека треба да се инсистира на фактот дека “реално е голема историска шанса за да се реши, можеби последното, големо идентитетско прашање на Балканот”, но и дека според него, со стапувањето на сила, договорот ќе доведе до нова ера во регионот.
-Од измените на Уставот што се во тек во поранешната југословенска Република Македонија произлегува дека постои целосно почитување на Договорот од Преспа кој конечно, ги решава прашањата поврзани со иредентизмот и можните прашања што ќе можеа да произлезат ако не стигневме до заемно прифатлив и правно обврзувачки договор, коментира Ѕанакопулос во интервјуто, пренесе МИА
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи

