Дворот на турскиот амам во Тетово ќе го добие автентичниот изглед
Националната установа „Уметничка Галерија Тетово“ која се наоѓа во стариот турски амам работи на уредување на дворот според автентичниот стил на овој објект што е изграден во османлискиот период. Со финансиска поддршка на Министерство за култура на целокупното дворно место од 200 метри кватрани и пристапните скали ќе се постави калдрма изработена од камен.
-Со оглед дека стариот амам претставува објект од културното наследство со поддршка на Министерството и Конзерваторскиот центар договоривме обнова на дворот според автентичноста на градбите од османлискиот период. Наместо дотраените бетоски плочи се поставува кафеава калдрма изработена од камен, изјави Бехар Ферати, кустос советник во уметничката галерија.
Минатата година се работеше на подобрување на условите за работа во самиот објект.
-Лани се реконструираше покривот, кој исто така го задржува автентичниот изглед. Така спречивме да се појавува влага во просториите, па сега имаме добри услови за одржување на изложби и други настани од културата. Годинава сакаме да се работи на системот за греење, рече Ферати.
Амамот кој е изграден околу 15 век, заедно со Шарената Џамија со турбе и чешма, кои се непосредна близина претставува најзачуван облик на наследство од урбанистичкото оформување на градовите во османлискиот период. Го изграадил Мехмед Eлеби, син на Исхак Бег. Со своите архитектонски, типолошки и стилки карактеристики постигнува особена вредност која се манифестира со чиста и јасна просторна организација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден