Двојно повеќе работа за брзата помош од Кавадарци

Двојно повеќе работа има брзата помош во Кавадарци поради топлото време, информира Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при кавадаречкиот Здравствен дом.
Регистрирани се и чести повреди на нива, кога лозари поради невнимателност и недоволна заштита се повредуваат со српови додека сечат ластари во лозовите насади, а повредени има и во градежништвото.
Паракеов информира дека поради временските услови зголемена е смртноста кај хронично болните и постарите лица, кај кои доаѓа до здравствени компликации. Појасни дека е зголемен обемот на работа без разлика дали станува збор за посета на службата или за повици на бесплатниот телефонски број 194.
- Преку ден има пациенти со колапси и пад на крвниот притисок, како и проблеми со дишните патишта и зголемена телесна температура поготово кај детската возраст, рече Паракеов кој додаде дека има и зголемен број на сообраќајки, како и стомачни вируси проследени со повраќање и дијареја.
Тој ги повтори препораките кои важат во услови на жештини, без потреба да не се излегува надвор од 10 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се заштити кожата со крем со заштитен фактор, да се носат капа и очила, а екстремитетите да бидат што е можно повеќе покриени.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
