Македонија
27. February 2019 - 11:22

Двојно намален водостојот на Вардар кај Јегуновце

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просекот за февруари, а нивото на Вардар на мерното место кај Јегуновце е повеќе од двојно намалено во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За по еден сантиметар понизок водостој во споредба со вчера имаат и Преспанското и Охридското Езеро. Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за четири сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец, додека кај Охридското е понизок за 17 сантиметри. За разлика од нив, Дојранското Езеро има за речиси три метри повисок водостој од вообичаениот.