Дводневен штрајк на белгиските железничари
Вработените во Белгиската национална железничка компанија (СНЦБ) од синоќа започна дводневен штрајк, што, според најавите. ќе резултира со редуцирање на железничкиот сообраќај во Белгија.
Штрајкот започна синоќа во 22 часот и ќе трае до четврток до 22, по што од петок изутрина се очекува нормализација на железничкиот сообраќај.
Ова е втор штрајк на белгиските железничари во последниве 30 дена, откако претходниот дводневен прекин на работата беше организирана во периодот од 22 часот на 7 ноември до 22 часот на 9 ноември.
Синдикатите го организираат штрајкот поради незадоволство од најавените мерки за преструктуирање и намалување на трошоците на компанијата и од текот на преговорите со раководството на СНЦБ за овие реформи.
Според организаторите на штрајкот, ова е најголем прекин во работата на белгиската железница од 2017 година.
Од друга страна, раководството на СНЦБ соопшти оти компанијата ќе обезбеди алтернативни железнички услуги со оние вработени кои најавиле дека нема да учествуват во штрајкот.
Така, според компанијата, ќе сообраќаат три од петте меѓуградски возови, кои ги поврзуваат големите градови во Белгија, како и дел од локалните и приградските возови.
СНЦБ информира дека оние кои поради штрајкот доцнат на работа или на училиште од официјалната веб страница на компанијата може да го преземат „сертификатот за штрајк“, со кој ќе може да го оправдаат своето доцнење.
Согласно белгиското законодавство, патниците имаат право на финансиски надомест доколку возот доцни повеќе од 60 минути или ако тој воопшто не сообраќа, но оваа одредба не важи ако тие биле информирани за доцнењето или откажувањето пред да купат билет.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал