Движење БЕСА: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик
Движењето БЕСА будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог.
Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето БЕСА дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија.
Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата.
Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“.
Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата.
Движење БЕСА
Ново на Сител
-
Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа
-
Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти
-
Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа
-
Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за парламентарните е 44,82 отсто
-
Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш
-
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко