Македонија
31. January 2016 - 12:47

Двегодишно дете тешко повредено во сообраќајка кај Лозово

Вчера околу 12,30 часот на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес-Штип, се случила сообраќајна незгода во која Ч.Ц.(72) од  Скопје управувајќи  патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистерски ознаки излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило дете сопатник на возраст од две години кој по укажаната лекарска помош во КЦ-Штип е префрлен во УЦ-Скопје. 
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.
 
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам