Две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19 во Атина
– Поради зголемениот број новозаразени и хоспитализирани и поради големиот притисок врз здравствениот систем во областа Атика, поширокиот регион на Атина, две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Атинските приватни болници, како што утрово соопшти министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, целосно ги отстапуваат нивните клиники, во рамките на владиниот план за вонредни потреби.
Од четврток двете клиники, комплетно, со целокупниот персонал и доброволно ќе му бидат на располагање на државниот здравствен систем и ќе примаат пациенти со Ковид-19.
-Министерството за здравство направи, прави и ќе продолжи да прави што се што е неопходно за никој наш сограѓанин да не остане без медицинска нега, истакна Кикиљас соопштувајќи го вклучувањето на приватниот сектор во битката со коронавирусот.
Капацитетите на одделите за интензивна нега во атинските државни болници се над 90 отсто исполнети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници