Тенис
2. September 2015 - 22:44

Две победи за Ѓорческа во Врњачка Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа старуваше со победа на фјучрсот во Врњачка Бања. Таа како прва носителка ја победи Габриела Ван де Граф од Холандија со 2:0 во сетови. Двата сета нашата тенисерка ги доби со 6:1 во гемови.
 
Ѓорческа заедно со Шантал Скамлова од Словачка се рангирани како први носителки во конкуренција на двојки и во четвртфиналето со 2-0 во сетови ги победија Маша Јовановиќ (Австралија) и Ана Махоркина (Русија).