Две пленарни и комисиски седници во Собранието
Собранието на Република Македонија денеска напладне на 75 пленарна седница ќе ја почне расправата за утврдување на предлог-амандманите од Уставот со што треба да се заокружи процесот за спроведување на Договорот со Грција за решавање на спорот за името.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Претходно, од 11 часот, Собранието треба да расправа по три точки останати од дневниот ред на 32-та седница: Предлог-закон за изменување и дополнување на законот за минерални суровини; Годишен извештај за работата на Судскиот совет за 2016 година и Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2016 година.
Во законодавниот дом седници денеска ќе имаат и две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија, кои ќе ја разгледуваат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите