Две нови возила за интерклинички транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Две нови специјално модулирани возила, соодветно опремени и климатизирани за интерклинички транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, со кои ќе се придонесе за подобар нивен третман, набави Министерството за здравство.
Целта на оваа набавка, соопштија од Министерството за здравство, е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивна заштита од надворешните временски влијанија, како и третман на нивното здравје и нега при транспортот.
Дополнително, со користењето на двете нови возила за транспорт се обезбедува здравствена заштита и заштита на приватноста на пациентите при транспортот. Реализацијата на оваа набавка значи дека пациентите нема повеќе да се пренесуваат физички, на носилки од една до друга клиника. Возилата се дел од Службата за заеднички работи, ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника и ќе бидат користени исклучиво во рамки на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, стои во соопштението
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани