Две нови починати лица од коронавирус во Македонија
На клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа уште двајца пациенти заразени со корона вирусот , соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Еден пациент на 91-годинша возраст кој осум дена бил во болница, а другиот пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал.
Вкупниот број на нови заболени до денеска до 12 часот е 16, со што вкупниот број се искачи на 257.
На Инфективно има тројца нови пациенти од Скопје и од Куманово. Вкупно има 48 луѓе во болницата.
Стабилна е состојбата на сите други, како и на оние кои се на домашно лекување.
За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома, затоа што тестовите покажуваат дека се негативни на корона вирусот, но министерот најави дека состојбата со нив ќе се следи.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов