Две лица загинаа во силна бура во Калифорнија
Во силна бура која ги зафати јужниот и централниот дел на Калифорнија, проследена со ветрови, поројни дождови и големи снежни врнежи, животот го загубија две лица.
Во округот Шерман оукс во околината на Лос Анџелес силниот ветер откорна дрво, кое паднало врз електричен столб. Жиците погодиле еден автомобил, со кој патувал 55-годишен маж и кој починал по струен удар.
Во градот Викторвил поплава ги зафатила неколку возила, кои останале блокирани во водата. Еден од возачите загинал, а друг бил спасен со хеликоптер од покривот на неговиот автомобил.
Во некои реони како мерка на претпазливост биле евакуирани луѓе поради опасност од поплави и лизгање на земјиште. Голем број авионски летови беа откажани или доцнеа на аеродромите во земјата. Само на аеродромот во Лос Анџелес откажани беа над 300 летови. Десетици летови се откажани и на аеродромот во Сан Франциско.
Лизгање на земјиштето и поплави предизвикаа делумно затворање на тихоокеанскиот крајбрежен автопат.
Во реонот на Лос Анџелес 100.000 луѓе останаа без електрична енергија, а силните ветрови во Санта Барбара корнеа дрвја.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија