Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
Со возило излетаа од патот и завршија во Радика. Дваjца сопружници од Видуше трагично го загубија животот во тешка сообраќајка кај Бигорски манастир. Надлежните екипи со часови го ваделе автомобилот од водите на Радика. Неофицијално, замрзнатиот коловоз е причината 56-годишник возач да изгуби контрола над воланот и да заврши фатално.
Несреќата кај Бигорски не е изолиран случај. Поради ниските температури вчера, дојде до замрзнување на коловозите во северозпадниот регион во државата. Повеќе лица се јавиле да бидат спасени на 112.
Верижен судир со 10 автомобили предизвикале замврзнатите коловози на патот Тетово -Гостивар. Освен верижниот судир, во полицискиот билтен се најдоа и три други сообраајќи на патиштата во тетовскиот регион.
Загрижувачки податоци доаѓаат и од Гостивар. Петочната вечер се заокружува со 15 сообраќајки. Од кои на десет е извршен увид од страна на увидна екипа, додека за пет не е побаран увид поради договор меѓу оштетените страни.
Примени се и бројни пријави од граѓани од градовите Тетово и Гостивар, како и од околните населени места, за замрзнати споредни и локални улици. По загрижувачкиот број на повици, Касами го свика Кризниот штаб – екипите веднаш излегле на терен и почнале со посолување на улиците.
Од „Македонија пат“ – секциите Тетово, Попова Шапка и Гостивар континуирано се на терен и вршат посолување на автопатите и регионалните патни правци.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
