Балкан
27. August 2023 - 18:29

Две лица загинаа, а едно е повредено во експлозија во Хрватска

Во Дуго Село, Хрватска на улицата Загребска денеска имало експлозија на експлозивна направа поради која загинаа две лица. Едно лице е тешко повредено.

„Денеска околу 13 часот и 30 минути во Дуго Село на улица „Загребска“ дошло до експлозија во објект кој обезбедува згрижувачки услуги за стари лица, во која две лица загинаа, а едно е тешко повредено. Ќе следи истрага“, извести полицијата.

Повозрасно лице кое е тешко повредено во немилиот настан е префрлено во болницата во Дубрава.