Македонија
14. December 2015 - 14:20

Две лица од Радовиш уништиле десет питуси на локалитет „Баргала“

Две лица од радовишките села Парналија и Али Коч се сомничат дека на 10 ноември на археолошкиот локалитет „Баргала“ во Општина Карбинци уништиле десет питуси.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова изјави дека против 19-годишниот Б.У од Али Коч и 18-годишниот С.С од Парналија поднесена е кривична пријава за уништување на културното наследство.

- Пријавените на 10 ноември на археолошкиот локалитет „Баргала“, кој е под привремена заштита на културното наследство, влегле во една од просториите и со употреба на физичка сила и тврд предмет оштетиле десет керамички садови - питуси, при што причиниле материјална штета од непроценета вредност, рече Панајотова.

СВР-Штип случајот го предаде на Основното јавно обивинителство-Штип на понатамошна постапка.