Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми

Кривична пријава е поднесена против двајца 62-годишни жители на Радовиш, осомничени дека подолг период без регистрација произведувале и продавале мраз во нехигиенски услови.
При претресите, извршени на четири локации, биле пронајдени машини за производство на мраз, замрзнувачи и околу 850 килограми готов производ наменет за продажба.
Лабораториските анализи покажале присуство на ешерихија коли и колиформни бактерии во примероците од мразот и опремата, поради што производот бил оценет како небезбеден и штетен по здравјето. Пронајдените машини и мразот биле запечатени и одземени од Агенцијата за храна и ветеринарство.
При контролата било утврдено и дека водата за производство во подрумските простории се користела преку приклучок што не бил регистриран преку водомер.
При претрес на уште еден објект во атарот на Радовиш, кој бил бесправно изграден, била пронајдена и воздушна пушка без соодветна документација.
Двајцата биле приведени и задржани во Полициската станица Радовиш. СВР Струмица најави дополнителни пријави во врска со бесправно изградениот објект и пронајдената пушка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
