Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нареди да се спроведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.
Државното Јавно обвинителство информира дека осомничени се судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, кои од август 2025 до 7 април 2026 година директно примиле награда од 500 евра и 60.000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови, со цел да издејствува ослободителна пресуда.
-Сведокот, кој поднел жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година, преку сосед стапил во контакт со осомничениот доставувач, кој го упатил кај судскиот полицаец како лице што може да посредува. Судскиот полицаец бил претставен како лице кое долги години работи во судот и има контакти со судиите во сите степени, при што може да ургира пресудата да биде заменета со ослободителна. Убеден во неговото влијание, сведокот во текот на 2025 година на доставувачот му предал 500 евра, со цел тие преку судскиот полицаец да му бидат предадени на судија од Апелацискиот суд Скопје кој би донел ослободителна пресуда, соопшти ЈОРСМ.
Во текот на 2026 година сведокот на осомничениот судски полицаец му исплатил 30.000 денари како награда за посредувањето. Откако Апелацискиот суд Скопје ја потврдил првостепената пресуда, сведокот преку својот бранител поднел вонреден правен лек пред Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На 7 април 2026 година сведокот на осомничениот полицаец му исплатил уште 30.000 денари како награда за наводно посредување пред судиите на Врховниот суд кои треба да одлучуваат во постапката.
-Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што беше делумно прифатен. Со решение на судот на осомничениот судски полицаец му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на доставувачот му е определен куќен притвор, за што предметниот обвинител незадоволен од одлуката на судијата достави жалба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
